Sayed Khodaberdi Sadat
22 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку 16 лица загинаа во бомбашки напад во Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случи во 12.30 часот по локално време во Кандвали, Кандахар.
Портпаролот на гувернерот на Кандахар, Давут Ахмади, потврди дека меѓу загинатите има и цивили. Ранети се 37 лица.
Ахмади појасни дека безбедносните сили забележале возило, а дека експлозијата се случила во момент кога деминирачките екипи се приближиле до возилото на кое било монтирана експлозивна направа.
Патот на кој се случи нападот е затворен за сообраќај, а нанесена е и материјална штета на деловните објекти во близина.
Меѓу ранетите се наоѓаат и лица во тешка состојба, па постои загриженост дека бројот на загинатите би можел да биде зголемен. Сè уште никој не презеде одговорност за нападот.