Satuk Buğra Kutlugün
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
МЕЛБУРН (АА) - Надбискуп во Австралија денес е прогласен за виновен за прикривање злоупотреби на деца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Надбискипот на Аделаида, Филип Вилсон, е прогласен за виновен од Судот во Њукасл за прикривање наводи за злоупотреба на деца, извршени од страна на свештеникот Џим Флечер во 1970-тите години, јави австралиската ABC (Еј-би-си).
Вилсон (67) стана надбискуп на Аделаида во 2001 година.
Казната на Вилсон ќе биде изречена на 19 јуни. Вилсон може да добие максимум затворска казна од 2 години.
Свештеникот Флечер, кој беше осуден во 2004 година за злоупотреба на деца во девет различни случаи, почина во 2006 година во затвор.
Питер Кре, една од жртвите на Флечер, пред Судот изјавил дека тој му го споменал проблемот на надбискупот Вилсон пет години откако се случила злоупотребата, кога имал 15 години.