Ahmet Sertan Usul
12 Февруари 2021•Ажурирај: 14 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на неутрализирани терористи во рамки на операцијата „Канџа Орел-2" која е во тек во северниот дел на Ирак, се искачи на 42, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Турција.
Во соопштението се нагласува дека Турските вооружени сили (ТСК) продолжуваат со неутрализирање на терористите преку оваа операција која се реализира во местото Гара кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Во овие рамки, преки воздушна операција неутрализирани се уште 4 терористи на ПКК кои се откриени во ова подрачје.
Со ова, вкупниот број на неутрализирани терористи во Гара се зголеми на 42.