Tufan Aktaş
13 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
ИСТНАБУЛ
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во последниот месец е забележан раст од 40 отсто во смртните случаи предизвикани од пандемијата на Ковид-19 на африканскиот континент, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на СЗО, во последниот месец во Африка починале над 22.300 лица од Ковид-19.
Се истакнува дека оваа бројка е 40 отсто поголема од претходниот месец кога починале околу 16.000 лица.
Во соопштението се вели дека во наредните денови се очекува да надмина 100.000 бројката на смртни случаи од Ковид-19, и дека во послендиот месец е забележан раст на смртните случаи во 32 земји.
Според ова соопштение, вториот брат на овој континент започнал во октомври 2020 година, додека на 6 јануари 2021 достигнал врвна точка. Се вели дека вториот бран бил побрз и посмртоносен во споредба со првиот бран.
Инаку, во Африка со Ковид-19 се заразени над 3,7 милиони лица, додека починаа над 97.400 лица од овој вирус.