Tayfun Salcı
14 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
ЛОНДОН (AA) - Членовите на британскиот парламент го отфрлија излегувањето од Европската унија без било каков договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Таквиот предлог го поддржаа 312 пратеници, додека 308 беа против.
Ваквиот резултат беше и очекуван, а воедно значи и дека членовите на Парламентот ќе гласаат за одложување на Брегзит.
Гласањето за одложување на Брегзит ќе се одржи утре, а пратениците би требало да гласаат за тоа дали од Брисел ќе се бара одложување на Брегзит за највеќе три месеци.
„Различни опции се пред нас, меѓу нив и да не излеземе од ЕУ при што ќе ја разнишаме довербата на британската јавност", рече премиерката Тереза Меј веднаш по гласањето.
Велика Британија би требала да излезе од ЕУ на 29 март.