Sibel Uğurlu
13 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на Партијата на правдата и развојот (AK Parti) Омер Челик изјави дека одлуката на Европскиот палрламент за суспензија на процесот на придружување на Турција кон Европската унија (ЕУ) е „безвредна", јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлуката на Европскиот парламент за Турција е без правна тежина, необврзувачка и без било каква вредност" ,рече Челик.
Истакна дека таквата одлука е показател дека оваа институција на ЕУ се движи во насока на екстремната десница.
„Одлуката на ЕП за Турција претставува проглас за влегување на тоа тело во идеолошки правец на екстремна десница", рече Челик.
Европскиот парламент денес го усвои извештајот кој предвидува прекинување на преговорите за придружување на Турција кон Европската унија.