свет

Во Грција протести на бегалците поради ризикот да останат без сместување

Бегалци и претставници на неколку групи се собраа во Атина за да демонстрираат поради завршувањето на програмата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), преку кој добиваа помош за сместување

Furkan Naci Top  | 13.03.2019 - Обновена : 13.03.2019
Во Грција протести на бегалците поради ризикот да останат без сместување

АТИНА (АА) - Голем број бегалци во Грција, кои кон крајот на месецот може да се најдат на улица, со оглед на тоа што тогаш завршува програмата за помош во обезбедувањето сместување, организираа протести, јавува Anadolu Agency (AA).

Бегалци и претставници на неколку групи се собраа во Атина за да демонстрираат поради завршувањето на програмата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), преку кој добиваа помош за сместување.

Голем број бегалци преку програмата Итна поддршка за интеграција и сместување (ESTIA) се сместени во куќи во Атина, а протестите се организирани поради можноста кон крајот на месецот да останат на улица.

Демонстрантите на протестите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Никој нека не остане без покрив над главата“ и слични натписи.

Во рамките на програмата околу 23.000 луѓе се сместени во куќи, а парична помош добиваат околу 63.000 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın