Adam Abu Bashal
13 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
АБУЏА (АА) - Во градот Лагос во западноафриканската држава Нигерија се урна 3-катна зграда на едно основно училиште, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во подрачјето Ифатажи во Лагос, се урнала зградата на основното училиште „Баден“, при што под урнатините останале околу 100 ученици.
Во вестите се наведува дека училишната зграда била стара и запоставена. Во тек се операции за откривање и извлекување на затрупаните деца од под урнатините.
Во 2016 година во Лагос се урна зграда, при што во несреќата животот го загубија 34 лица. Истата година, во нигериската сојузна држава Ава Ибом се урна црква, а во оваа несреќа загинаа најмалку 160 лица.