свет

Мадуро нареди истрага за „саботажата“ во врска со прекинот на електрична енергија

Венецуелскиот претседател Мадуро истакна дека дал инструкции на надлежните за формирање на комисија составена од експерти од Иран, Куба, Русија и Кина за расветлување на саботажата

Ali Murat Alhas  | 14.03.2019 - Обновена : 15.03.2019
Мадуро нареди истрага за „саботажата“ во врска со прекинот на електрична енергија

КАРАКАС (АА) - Претседателот на Венецуела соопшти дека ќе биде формирана комисија за истрага на „саботажата“, која минатата недела доведе до опсежни прекини на снабдувањето со електрична енергија, јавува Anadolu Agency (AA).

Николас Мадуро спроведе надзор на Бирото за кризи во Каракас што ги истражува прекините на електричната енергија, кои пак предизвикаа нарушување на комуникацијата и интернет-пристапот низ целата земја.

Тој истакна дека дал инструкции на надлежните за формирање на комисија составена од експерти од Иран, Куба, Русија и Кина за расветлување на наводната саботажа.

Нагласувајќи дека земјите кои се дел од комисијата имаат огромно искуство во врска со кибернападите, Мадуро рече дека комисијата ќе поднесува извештај до потпретседателот Делси Родригез.

Мадуро соопшти дека Венецуела го активирала планот „Син резервоар“ за да се справи со еден од најголемите проблеми во земјата - недостигот на вода за пиење од водовод.

Во согласност со овој план, Мадуро нагласи дека 50.000 резервоари за вода се подготвени за жителите на Венецуела.

Од друга страна, според провладината веб-страница „Ultimas Noticias“, кинеската Влада е подготвена да ја прошири помошта за целосно отстранување на прекинот на снабдувањето со електричната енергија во Венецуела.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг, соопшти дека Кина би можела да обезбеди целосна техничка поддршка за Венецуела, со цел да стави крај на прекините на електричната енергија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.