Riyaz ul Khaliq
14 Март 2019•Ажурирај: 15 Март 2019
АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) ќе изградат шест нуклеарни електрани во Индија, објавија медиумите денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Договорот е објавен по состанокот меѓу американските и индиските официјални претставници како дел од деветтиот круг на индиско-американскиот стратешки дијалог за безбедност во Вашингтон“, наведуваат индиските медиуми.
„Тие се посветија на зајакнување на билатералната безбедност и цивилната нуклеарна соработка, вклучувајќи изградба на шест американски нуклеарни електрани во Индија“, се вели во заедничкото индиско-американско соопштение.
Во октомври 2008 година двете земји потпишаа договор за нуклеарна соработка.
Овој договор на Индија ѝ даде посебно право да може да потпише договори за соработка со други земји.
Оттогаш, Индија има потпишано договори за цивилна нуклеарна соработка со САД, Франција, Русија, Канада, Аргентина, Австралија, Шри Ланка, Велика Британија, Јапонија, Виетнам, Бангладеш, Казахстан и Јужна Кореја.