свет

Индија со мерки за јавното здравје по појавата на вирусот нипа

Вирусот нипа е зоонозна болест што може да предизвика тешки респираторни заболувања и воспаление на мозокот (енцефалитис)...

Ahmad Adil  | 28.01.2026 - Обновена : 28.01.2026
 Индија со мерки за јавното здравје по појавата на вирусот нипа

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Индија денес соопшти дека се воведени мерки за јавното здравје откако беа потврдени два случаја на вирусот нипа во источната сојузна држава Западен Бенгал, пренесува Анадолу.

Од декември досега во Западен Бенгал се регистрирани два потврдени случаја на вирусот, по што надлежните институции презеле „навремени и сеопфатни мерки за јавното здравје во согласност со утврдените протоколи“, соопшти индиското Министерство за здравство.

Во соопштението се додава дека „196 контакти поврзани со потврдените случаи се идентификувани, проследени, следени и тестирани“ и дека „досега не се откриени дополнителни случаи на заболување од вирусот нипа.

„Ситуацијата е под постојан надзор и сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје се на сила“, се наведува во соопштението.

Вирусот нипа е зоонозна болест што може да предизвика тешки респираторни заболувања и воспаление на мозокот (енцефалитис). Претходно е регистриран и во јужната сојузна држава Керала, каде што имаше повеќе епидемии во последните години.

По случаите во Индија, неколку земји и региони, меѓу кои Тајланд, Казахстан, Непал, како и Тајван и Хонгконг, воведоа превентивни мерки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.