Gökhan Kavak
14 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
АБУЏА (АА) - Спасувачките екипи под урнатините на срушеното училиште во Нигерија извлекоа вкупно 41 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Трикатната зграда на училиштето се сруши вчера во нигерискиот град Лагос, а во моментите на уривање во училиштето се одржувала настава.
При уривањето на објектот загинаа вкупно 10 ученици, а спасувачките екипи под бетонот и железото извлекога 5 возрасни лица и 36 ученици.
Сите спасени се пратени во болница со различни повреди, а спасувачките екипи и понатаму трагаат под урнатините, со оглед на тоа што некои локални извори тврдат дека во моментот на уривањето, во објектот се наоѓале и до стотици лица.