свет

Во Сенатот на САД усвоен спорниот Предлог-закон за Јемен

На гласањето во Генералното собрание на американскиот Сенат, Предлог-законот беше усвоен со 54 гласа, додека 46 сенатори гласаа против предлогот

Hakan Çopur  | 14.03.2019 - Обновена : 15.03.2019
Во Сенатот на САД усвоен спорниот Предлог-закон за Јемен

ВАШИНГТОН (АА) – Во американскиот Сенат усвоен е Предлог-законот на администрацијата на САД, кој предвидува повлекување во рок од 30 дена на сите воени елементи кои се вклучени, или пак влијаат во тековната војна во Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).

На гласањето во Генералното собрание на американскиот Сенат, Предлог-законот беше усвоен со 54 гласа, додека 46 сенатори гласаа против предлогот. Донесувањето на Законот се оценува како сериозно опонирање на претседателот на САД, Доналд Трамп, кон политиките на Саудиска Арабија.

Во наведениот закон, со исклучок на војниците што војуваат против Ал Каеда, се предвидува повлекување во рок од 30 дена на сите воени елементи кои се вклучени, или пак влијаат во тековната војна во Јемен.

- Предлог-законот ќе се најде пред Претставничкиот дом -

Предлог-законот мора да помине низ Претставничкиот дом, другото крило на Конгресот, за да може да стигне до претседателот Трамп. Во Претставничкиот дом демократите се во мнозинство, затоа се смета дека Предлог-законот ќе биде изгласан сигурно.

Поддршката на САД на Саудиска Арабија во тековната војна во Јемен долго време предизвикуваше расправии во Конгресот. Сличен предлог-закон кој се усвои во Сенатот во декември минатата година, беше одбиен од Претставничкиот дом, каде што мнозинството се републиканци.

По ноемвриските избори беше наведено дека во обновениот Сенат, како и во Претставничкиот дом, повторно на дневен ред ќе се најде предложениот предлог-закон за Јемен.

Во текот на месец февруари, во Претставничкиот дом беше прифатен еден друг предлог-закон со кој ќе биде намалена воената поддршка на САД за Саудиска Арабија во тековната војна во Јемен.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın