Aldıjana Hadzıc
08 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
ЛОНДОН (AA) - Во Обединетото Кралство денеска се одржуваат вонредните парламентарни избори, а граѓанската должност ја изврши и британската премиерка Тереза Меј, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерката на Конзервативната партија, Тереза Меј, со сопругот Филип допатува во Маиденхед за да гласа. Избирачките места се отворени во седум часот по локално време, а граѓаните до 22 часот ќе можат да гласаат на повеќе од 40.000 гласачки места.
Дури 46,9 милиони регистрирани гласачи ќе избираат меѓу 3.303 кандидати во 650 изборни окрузи во земјата, колку што има места во Долниот дом на парламентот, а за да формира апсолутно мнозинство, партијата мора да освои 326 пратенички места.
Општите избори во Обединетото Кралство требаше да бидат одржани во мај 2020 година, меѓутоа со одлуката на Меј, датумот за одржување е презакажан за 8. јуни оваа година. Меј оваа одлука ја донесе за да се воспостави стабилност и заедништво во преговорите за Брегзит, кои Велика Британија ги води со ЕУ.