Gülşen Çağatay
08 Јуни 2017•Ажурирај: 09 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Минатата година, бројот на возила на електричен погон на глобално ниво, во однос на годината пред неа беше зголемен за 60 отсто, односно изнесува 2 милиони возила, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА, вршејќи процена на објавениот „Глобален извештај за изгледот на возилата на електричен погон во 2017 година“ од страна на Меѓународната агенција за енергија, забележа дека на светско ниво, големо влијание врз продажбата на возилата на електричен погон имаат владите со својата политика за животната средина. Освен тоа, може да се забележи дека поради зголемувањето на енергентската ефикасност, во последните години имаме поголемо распространување на употребата на возилата на електричен погон во светот.

Минатата година, бројот на возила на електричен погон во светот, во однос на годината претходно е зголемен за 60 отсто и изнесува 2 милиони возила. Со зголемувањето на бројот на овој тип возила, се зголеми и бројот на станици за полнење. Минатата година, во светот, во употреба беа пуштени 2,3 милиони станици за полнење на возилата на електричен погон.
Распространувањето на употребата на возилата на електричен погон би требало да доведе до намалување на цената на акумулаторите на електрична енергија во овие автомобили и до зголемување на бројот на станици во кои би се надополнувала ел. енергија на автомобилите.
Се очекува бројот на возилата на електричен погон до 2020 година да изнесува околу 20 милиони, додека во 2025 година, оваа бројка би можела да се искачи на 70 милиони.
- Кина е лидер во продажбата на возила на електричен погон -
Минатата година, најголем број возила на електричен погон се продадени во Кина. Во 2016 година, на патиштата во Кина излегоа 336.000 возила на електричен погон. Во САД се продадени 159.000, додека Норвешка е трета земја во светот, во која се продадени 50.180 вакви возила.
Според овие бројки, минатата година во Кина, САД и во Европа е извршена 90 отсто од вкупната светска продажба на возила на електричен погон.