Mustafa Melih Ahıshalı
08 Јуни 2017•Ажурирај: 09 Јуни 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Иранското Министерство за разузнавачки работи ги објави идентитетите на напаѓачите за кои се тврди дека ги извршиле вчерашните напади во главниот град Техеран, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранската државна телевизија објави дека бројот на загинатите во вчерашните напади во Техеран е зголемен на 22, вклучувајќи ги и петтемина напаѓачи. Ранети се 52 лица.
Во соопштението од министерството се објавени фотографии на петтемина напаѓачи кои загинаа за време на нападот на иранскиот Парламент и на турбето на поранешниот ирански верски водач, ајатолахот Хомеини. Наведено е дека напаѓачите се припадници на терористичката организација ДЕАШ.
Исто така, се истакнува дека петтемина наведени напаѓачи, по пристапувањето во ДЕАШ, учествувале во нападите во Мосул и во Рака.
„Минатата година влегоа во земјата по наредба на Абу Ајисе, еден од водечките имиња на ДЕАШ, со цел да извршат напад на градовите кои претставуваат верски центри. Откако беше убиен Абу Ајисе, тие ја напуштија земјата“, се вели во соопштението.
Наведено е, исто така, дека вчерашните напади ги извршиле Кајум, Абу Џихад, Рамијн, Шеријас и Феридун, а за да не биде нанесена штета на нивните семејства, не се објавени нивните презимиња.