Alma Çekovic
19 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
ЛОНДОН (АА) - Во Лондон денес е одржан првиот состанок на кабинетот на новоизбраната премиерка на Велика Британија, Тереза Меј, која вети дека нејзината влада од излегувањето од ЕУ ќе направи успех, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меј, која инаку се залагаше за останување на Велика Британија во ЕУ, денес го свика првиот состанок на кабинетот во полн состав, седум дена откако беше одржан последниот состанок на кабинетот предводен од Дејвид Камерон.
Во соопштението кое Даунинг стрит го објави непосредно пред состанокот, Меј изјави дека останува на членовите на кабинетот да сторат сѐ со цел излегувањето на Велика Британија од ЕУ да биде успешно за таа земја.
„Брегзит е Брегзит – и ние од него ќе направиме успех“, изјави Меј која и претходно изјавуваше дека должност на нејзиниот кабинет ќе биде да стори сѐ за Брегзит повторно да функционира за Велика Британија.
„Нема да дозволиме Брегзит да ја дефинира земјата, наместо тоа ќе го унапредиме образованието, вештините и друштвените активности со цел им да се овозможи на сите да остварат просперитет од можноста за напуштање на ЕУ“, им порача Тереза Меј на членовите на кабинетот.
Меј, исто така, вчера ја извојува првата победа во Парламентот, убедувајќи ги пратениците во големо мнозинство да гласаат за замена на застарените нуклеарни подморници со нови пловила, што Британците ќе ги чини 49 милиони евра.
Британската премиерка оваа недела ќе отпатува во својата прва посета во странство. Утре ќе престојува во Берлин каде што ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел, а в четврток е планирана посета во Париз, каде што ќе одржи состанок со францускиот претседател Франсоа Оланд.
За време на состанокот, фокусот ќе се стави на одржувањето на добрите односи по референдумското гласање за излез од ЕУ, соопштено е од британската Влада.