Kasım İleri
20 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
КЛИВЛЕНД (АА) - Доналд Трамп доцна синоќа е официјално избран за кандидат на Републиканската партија на конвенцијата на републиканците во Кливленд, во американската сојузна држава Охајо, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп победи со 1.725 делегатски гласови, а зад него се сенаторот на Тексас, Тед Круз со 475 делагати, гувернерот на Охајо, Џон Касиќ со 120 и сенаторот на Флорида, Марко Рубио со 114 гласови.
Синот на американскиот милијардер, Доналд помладиот, објави дека 89 делегати од Њујорк ја даваат својата подршка на Трамп, што му овозможи да добие повеќе од потребното мнозинство.
„Чест ми е што вечерва на Трамп можам да му ги доделам гласовите што ќе му дадат потребно мнозинство на делегати.
Ти честитам тато. Те сакаме!“, изјави Трамп помладиот.
Републиканскиот кандидат за Белата куќа ја прогласи својата победа и на социјалната мрежа Твитер, каде што напиша: „Чест ми е да бидам републикански кандидат за претседател на САД. Ќе работам напорно и никогаш нема да ве изневерам. Америка прво!“
Тој утре, кога завршува конвенцијата, лично ќе ја прими номинацијата, а за заменик републикански претседателски кандидат именуван е гувернерот на сојузната држава Индијана, Мајк Пенс.