Ekipa
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија пред крајот на март 2017 година ќе го започне формалниот процес за излез од Европската унија (ЕУ), изјави британската премиерка Тереза Меј, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за Би-би-си, Меј истакна дека Велика Британија почетокот на наредната година ќе го започне 50 член од Лисабонскиот договор кој го регулира институционалното функционирање на ЕУ за до 2019 година да излезе од 28 члениот блок на европски земји.
„Процесот за излез ќе го започнеме пред крајот на март наредната година”, истакна Меј.
Околу 46 милиони Британци на 23 јуни оваа година со референдумот го одредија излезот на нивната земја од ЕУ (Брегзит), што многу други аналитичари го нарекоа „најголем удар на обединување на Европа”, во историјата на нејзиното постоење.