Ekipa
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ЛОНДОН (АА) - Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, изјави дека со ноќи не спие и дека размислува за комплексни теми во однос на процесот за излез на Велика Британија од Европската Унија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за британскиот весник „Сандеј тајмс“, премиерката Меј призна дека е загрижена и дека постојано рамислува за тоа што да се стори за процесот нанБрегзит да се заврши успешно.
„Инаку тоа ми носи несоници, јас сум одлучна Британија да ја извадам од ЕУ што е можно поскоро. Само сакам што побрзо да почнеме со работа”, изјави Меј.
На прашањето која е најголемата причина за несониците во животот, Меј изјави дека тоа е моментот на промена кој се случил кога ја презела должноста шефица на државата во така тешки времиња.
„Работам до доцна навечер. Работата на премиер не ви дава многу време за спиење”, изјави Меј.
Меј понатаму тврдеше дека сака преговорите за процесот Брегзит што побрзо да се завршат, така што Велика Британија да го добие „максимумот”, и да остане функционална земја со важна улога на меѓународната сцена.
„Успехот е можен и ние ќе го оствариме, а се работи за навистина комплексен процес”, заклучи Меј.
Британските избирачи преку реферндум изгласаа излез од Европската Унија, а официјалната постапка на тој чин ќе започне кога Владата на таа земја официјално ќе поднесе барање за излегување. Проценките се дека тој процес би требало да трае две години.