Aslı Aral
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека ќе изврши притисок во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со цел да се обезбеди прекин на огнот во Алепо и овозможување на испорака на хуманитарна помош во градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерката Меј на седницата во Долниот дом на британскиот Парламент, одговараше на прашањата за равојот на настаните во сирискиот град Алепо.
Премиерката Меј говореше дека на еден застрашувачки начин цивилите се цел на нападите во Алепо.
„Обединетото Кралство, заедно со Франција, работеа за свикување на итна седница на Советот за Безбедност на Обединетите Нации во врска со ситуацијата во Алепо. Оваа седница ќе се одржи денеска. Посакуваме прекин на огнот и овозможување испорака на хуманитарна помош во Алепо. Ќе извршиме притисок во Советот за безбедност на ОН за да се спроведе тоа”, рече британсклата премиерка Меј.
Таа истакна дека ќе направат сѐ што е во нивна моќ во однос на ситуацијата во Алепо.
„Седницата на СБОН ќе биде многу важна. Има важна порака која ќе ѝ биде дадена на Русија. Русија користејќи го своето влијание врз режимот на Асад, ќе треба да стави крај на овој страотен масакр и да овозможи пристап на хуманитарната помош”, изјави британската премиерка Тереза Меј.
Со нападите на режимот од 15 јули досега, во источниот дел на Алепо убиени се 739 цивили, додека бројот на ранети изнесува 2.500.