Ata Ufuk Şeker
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
БРИСЕЛ (АА) – Седумдесет и осум хуманитарни организации, како што се Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и „Спасете ги децата“ (Save the Children) истакнаа дека Европската Унија и земјите-членки не прават доволно напори за заштита на правата на децата бегалци и дека ги прекршуваат нивните права, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкото соопштение на 78 хуманитарни организации, меѓу кои и УНИЦЕФ, УНХЦР и „Спасете ги децата“, учесници на Форумот за правата на деца во Европа, кој се одржува во Брисел, се истакнува дека ЕУ постојано ги крши правата на децата.
Во соопштението се нагласува дека децата во цела Европа живеат во тешки услови и постојано се соочуваат со борбата за живот. Исто така, во соопштението се наведува дека децата бегалци се лишени од основните права, како што се правото на здравство и на образование.
Исто така, се повикува Европската Унија да подготви план за ова прашање, да го реформира системот за аплицирање за азил, да им даде предност на политиките во врска со децата мигранти, да го зацврсти финансискиот систем за заштита на децата, како и да направи реформи во областа на подобра заштита на децата.
Од друга страна, Европската полициска агенција (Европол) соопшти дека во рамките на протокот на бегалци во Европа, биле исчезнати 10 илјади деца бегалци во земјите каде што пристигнале.
Постои загриженост поради можноста исчезнатите деца да паднат во рацете на трговците со луѓе. Европол информира дека на ниво на Европа, децата без придружници се во опасност да бидат изложени на ропство и на сексуална злоупотреба од страна на различни криминални групи.