Atilla Hancı
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Во хеликоптерска несреќа во Индија загинаа три лица – двајца офицери и еден војник, јавува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Хиндустан тајмс“ објави дека хеликоптерот паднал во западната провинција Бенгал, во областа Сукна.
Причините за падот на хеликоптерот од типот „чита“ сѐ уште не се познати. Беше објавено дека е започната истрага за настанот во кој загинаа три лица.
Минатиот месец при воените вежби на воздухопловните сили на Индија падна хеликоптер од типот „Mи 17 V5 чопер“, но во несреќата немаше жртви.