Hakan Çopur
30 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана на САД, Питер Кук, истакна дека се загрижени поради продлабочувањето на опсадата на сирискиот град Алепо и поради влошувањето на хуманитарната ситуација во Алепо, која ја опиша како трагедија“, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпаролот Кук на дневниот брифинг за новинарите зборуваше во врска со последната ситуација во Алепо.
„Загрижени сме поради влошувањето на хуманитарната ситуација во Алепо. Не е можно да се гледаат случувањата преку телевизиските екрани и да не се направи ништо“, рече Кук и додаде дека приоритет на американската војска е борбата со ДЕАШ и оти САД нема воено да интервенираат за решавањето на кризата во Сирија.
„Владата во Вашингтон во секоја можност повикува да се најде мирно и дипломатско решение за кризата во Сирија и во Алепо и за оваа цел државниот секретар за надворешна политика на САД, Џон Кери, остварил многу средби“, рече Кук којшто додаде дека и покрај сите напори, тоа не вродило со плод.
- „Се влошува хуманитарната ситуација“ -
Кук стакна дека секој ден хуманитарната ситуација во Алепо се влошува: „Тоа што го гледаме во Алепо е трагедија. Тоа што со месеци го гледаме во граѓанската војна во Сирија е трагедија“.
На новинарското прашање за поврзаноста меѓу заземањето на Алепо од режимот и борбата против ДЕАШ“, Кук одговори: „Исто како што режимот на Асад нема да стави крај на граѓанската војна, така нема да донесе ниту мир во земјата. Една од причините за создавањето на ДЕАШ е и ова“.
„Граѓанската војна во Сирија беше предизвикана од страна на режимот на Асад“, рече Кук и нагласи дека режимот е одговорен за влошувањето на ситуацијата во Алепо.
На прашањето, пак, во врска со соработката за Алепо на режимот на Асад со ЈПГ, коишто се воено крило на ПЈД во Сирија, т.е огранок на терористичката организација ПКК, Кук рече: „Во врска со ова, не можам да кажам ништо. Не знам за оваа ситуација“.
Министерството за одбрана на САД преку соопштение ја осуди опсадата на Алепо од страна на силите на режимот и ги осуди нападите врз цивилите. Шпанија, Египет и Нов Зеланд подготвија предлог-резолуција во Советот за безбедност за 10 дневна пауза во Алепо. Се очекува предлог-резолуцијата да биде одобрена во следните денови.