Zehra Ulucak
08 Јуни 2017•Ажурирај: 09 Јуни 2017
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја лансирала неколку противбродни проектили, соопшти Генералштабот на Јужна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека од источниот брег на Северна Кореја се лансирани неколку проектили за кои се претпоставува дека имаат краток домет.
Проектилите се лансирани од градот Вонсан и откако летале околу 200 километри, паднале во морето.
Портпаролот на војската на Јужна Кореја, Ро Ја Чеон, истакна дека Северна Кореја со последното тестирање сака да презентира сила.
Ова лансирање беше четвртото тестирање што го изведе Северна Кореја во текот на изминатите неколку недели.
Последното тестирање на балистички ракети Северна Кореја го изведе на 29 мај. Проектилот мина пат од околу 450 километри и падна во морето во близина на Јапонија.
Обединетите нации (ОН) му забранија на Пјонгјанг, кој има програма за развивање на нуклеарно оружје, да ја користи и развива технологијата на балистички проектили.
Северна Кореја, и покрај санкциите и забраните, продолжува со тестирањето проектили.