Постарите жители на Сирија редовни посетители на скромно опремена спортска сала
- По соборувањето на режимот во Сирија, Ал-Зухури се врати во родниот Кусаир и почна да ги користи своите искуства во боксот и физиотерапијата за да им помага на луѓето повредени во војната
Dzihat Aliju
29 Октомври 2026•Ажурирано: 29 Октомври 2026
photo: Mohammed Al-Rifai / AA
ХОМС
Поранешниот боксерски шампион и физиотерапевт Мувафак ал-Зухури отвори бесплатен спортски клуб во градот Кусаир, во руралниот дел на Хомс, со цел да им помогне на постарите лица и на луѓето повредени во војната во Сирија да ја подобрат својата физичка состојба, пишува Анадолу.
По соборувањето на режимот во Сирија, Ал-Зухури се врати во родниот Кусаир и почна да ги користи своите искуства во боксот и физиотерапијата за да им помага на луѓето повредени во војната, како и на оние што сакаат повторно да ја стекнат физичката подвижност.
Фотографија : Mohammed Al-Rifai/AA
Поттикнат и од сопствените воени повреди, Ал-Зухури сака да им помогне на луѓето што минуваат низ слични искуства. Во клубот што го основал со ограничени средства, на посетителите им нуди бесплатни спортски активности и рехабилитација.
При опремувањето на клубот, Ал-Зухури користел рециклирани материјали, претворајќи автомобилски гуми во справи што може да се користат за вежби со тегови. Тој изработил и едноставни спортски справи со сопствени средства, со цел и луѓето со ограничени финансиски можности да може да се занимаваат со физички активности.
Фотографија : Mohammed Al-Rifai/AA
Клубот им е наменет особено на постарите лица и на луѓето повредени во војната. Покрај зајакнувањето на мускулите и подобрувањето на подвижноста, негова цел е да им помогне повторно да ги совладаат активностите од секојдневниот живот.
Корисниците на спортскиот клуб за Анадолу изјавија дека нивната здравствена состојба била полоша пред да почнат да вежбаат, но откако започнале редовно да тренираат во клубот, забележале подобрување на физичката состојба.
Фотографија : Mohammed Al-Rifai/AA
Иницијативата на Ал-Зухури придонесува за социјализација на постарите лица и на луѓето повредени во војната, овозможувајќи им поактивно да продолжат со секојдневниот живот.