Ikrame Imane Kouachi
29 Октомври 2026•Ажурирано: 29 Октомври 2026
Цивилната одбрана на Саудиска Арабија утринава издаде предупредување за можна опасност во јужниот град Наџран, а подоцна соопшти дека опасноста поминала, јавува Анадолу.
Цивилната одбрана соопшти дека предупредувањето било издадено за да ги извести жителите за потенцијална опасност, но не даде дополнителни информации за природата на заканата.
Претходно саудиската противвоздушна одбрана пресретна балистичка ракета истрелана од јеменската група Хуси кон источната провинција на кралството, соопшти коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Вчера коалицијата соопшти дека пресретнала и уништила балистичка ракета на Хусите истрелана кон западниот саудиски град Таиф.
Во вторникот вечерта од остатоци од две пресретнати балистички ракети на Хусите биле оштетени зграда, градилиште и возило во престолнината Ријад, според Цивилната одбрана. Во соопштението не се наведува дека имало жртви.
Пресретнувањата се случија во екот на ескалација на непријателствата меѓу групата Хуси и коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата Влада на Јемен.
Саудиска Арабија предводи воена коалиција против Хусите од март 2015 година откако групата ги зазеде јеменската престолнина Сана и други делови од земјата во 2014 година.