Ömer Tuğrul Çam
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
БРИСЕЛ (АА) - Чуварите на затворите во Белгија стапија во еднодневен предупредувачки штрајк со барање за зголемување на платите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Штрајкот го организираа синдикатите на вработените во затворите и казнено-поправните установи во Белгија.
Синдикатите организираа и протести во неколку града, меѓу кои и во Брисел, а претставниците на синдикатите се сретнаа со челниците на партиите кои ја сочинуваат коалициската Влада и им ги пренесоа нивните барања.
Помеѓу барањата на чуварите и останатите вработени во белгиските казнено-поправни установи е и зголемувањето на платите, како и имплементација на систем од 13 плати годишно и обезбедување ваучери за храна.
Синдикатите тврдат дека последното усогласување на платите е извршено пред 20 години и дека треба да се ревидира.