Hasan Esen
25 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
БРИСЕЛ (АА) - Седум лица се уапсени во Брисел, во акцијата во рамките на истрагата против лица вратени од странските боишта, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералното обвинителство на Белгија соопшти дека во ноќните часови е извршен претрес на осум адреси во областа на Моленбек, Схарбек, Андерлехт и Лаекен.
Не е пронајдено ниту оружје ниту експлозив, а се истакнува дека истрагата не е поврзана со терористичките напади во Брисел и во Париз, туку со луѓе што се вратиле од сирискиот фронт.
Во нападите на аеродромот и на метро станицата во Брисел, на 22 март 2016 година загинаа 32 лица. Потоа во Белгија беше прогласена тревога поради опасност од тероризам. Полицајците и војниците на улиците и пред значајните институции спроведуваат строги безбедносни мерки.
Белгија е една од европските земји од која намногу луѓе се приклучуваат кон терористичката организација ДЕАШ.
Министерот за внатрешни работи на Белгија, Јан Jaмбон на 26 април 2016 година изјави дека 611 белгиски државјани заминале на бојното поле во Ирак или во Сирија.
Во серијата терористички напади во Париз изведени на 13 ноември 2015 година, загинаа 130 лица. Осомничените за нападите живееле во Брисел. Организаторот на нападите Салах Абдеслам, кој се врати во Брисел, беше уапсен неколку месеци подоцна.
Одговорноста за нападите беше преземена од страна на терористичката организација ДЕАШ, по што следеа многу антитерористички акции.