Sayed Khodaberdi Sadat
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку 36 припадници на терористичката организација ДЕАШ беа убиени во антитерористичка операција од страна на авганистанските сили во јужната провинција Забул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Авганистан се наведува дека безбедносните сили извршиле антитерористичка акција во местата Хак Афган и Семулзај, а во оваа акција се неутрализирани најмалку 36 терористи на ДЕАШ.
Исто така, се истакнува дека се повредени 20 терористи и дека акцијата на авганистанските сили продолжува.
Терористите на ДЕАШ претходно дејствуваа во авганистанската провинција Нангархар, но ова е прва извршена акцијата против ДЕАШ во Забул.
Авганистански официјални лица објавија дека во провинцијата Сари Пул, во северниот дел на земјата беа уапсени двајца странски државјани. Станува збор за талибанци, од кои еден е од Казахстан и еден ирански Туркмен.