Selen Temizer
17 Јули 2021•Ажурирај: 18 Јули 2021
Бројот на луѓе кои ги загубија животите во поплавите што ја зафатија Белгија се искачи на 27, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владата на оваа земја го прогласи 20 јули за национален ден на жалост поради загинатите во овие поплави.
Прославите по повод Денот на независноста, планирани за 21 јули, се целосно откажани.
Од друга страна, белгискиот премиер Александер де Кро нагласи дека оваа ситуација е најголемата катастрофа настаната во земјата.
Околу 120 општини кои се погодени од поплавите, сè уште се соочуваат со тешкотии во контактирање со голем број лица кои се изолирани во нивните домови.
Бројни автопати нема да бидат отворени за сообраќај, додека се очекува железничкиот сообраќај постепено да почне со работа.
Достапноста на вода за пиење останува проблем во повеќе зони, додека продолжуваат работите за чистење на градовите.
Врнежите од дожд особено ги погодија источните региони од земјата, Лиеж, Вервие, Спа, Намур и Лимбург.