Erbil Başay
17 Јули 2021•Ажурирај: 18 Јули 2021
Најмалку 133 лица загинаа во поплавите кои како последица на обилните врнежи ја погодија западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска Област-Пфалц, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според полициското соопштение, бројот на загинати во Арвајлер, зона која е најмногу погодена од поплавите во Рајнска Област-Пфалц, надмина 90.
Во соопштението се нагласува дека постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите, додека се вели дека во поплавите се повредени 618 лица.
Како резултат на поплавите, настана прекин на телефонските линии, додека бројни улици се затворени поради поплавите.
Меѓу другото, во покраината Северна Рајна-Вестфалија загинаа 43 лица.
Вкупниот број на починати како резултат на поплавите во земјата се зголеми на 133.