Ali Cura
16 Јули 2021•Ажурирај: 20 Јули 2021
МОСКВА
Патничкиот авион од типот АН-28 кој исчезна од радарот во регионот Томск во Русија, слетал во пошумена област, а никој од патниците во авионот не го загубил животот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата од официјалните лица на Министерството за вонредни ситуации на Русија се наведува дека патничкиот авион од типот АН-28, кој исчезнал од радарот во регионот Бакчарскиј додека летал од градот Кедровиј кон Томск, извршил тешко слетување во пошумена област.
Во авионот, според соопштението, имало 15 патници, од кои 2 биле деца и 4 члена на екипажот. Властите исто така истакнаа дека никој од тешко оштетениот авионот не го загубил животот.
Меѓу другото, се наведува дека се испратени хеликоптери во регионот за да ги евакуираат патниците од местото на несреќата.
Се претпоставува дека е можно несреќата да е предизвикана од дефект на авионскиот мотор. Од друга страна, Истражниот комитет на Русија започна истрага за несреќата.