Islam Doğru
17 Јули 2021•Ажурирај: 18 Јули 2021
Ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими на 26 јули ќе оствари посета на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди портпаролката на Белата Куќа, Јен Псаки.
Таа рече дека претседателот на САД, Џо Бајден, ќе го пречека Кадими во Белата Куќа.
„Посетата на премиерот ќе укаже на стратешкото партнерство и билатералната соработка меѓу САД и Ирак“, нагласи Псаки.
Разговорите во рамки на оваа посета ќе се фокусираат во теми од заеднички интерес, меѓу кои образованието, здравството, културата, енергетиката, како и зајакнувањето на билатералната соработка со Ирак во политички, економски и безбедносни прашања, вклучувајќи ги и заедничките напори за обезбедување на постојаното елиминирање на ДЕАШ.