Selman Aksünger
17 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
РОТЕРДАМ (АА) - Царинската служба на пристаништето во холандскиот град Ротердам заплени 3 тони кокаин скриен во кутии со пире од банана, соопштија холандските власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Контејнерот бил на пат од Еквадор кон една компанија во Базел, Швајцарија, се истакнува во соопштението на Јавното обвинителство во Ротердам.
Ова откритие е една од најголемите откритија на ова пристаниште кое е второто најголемо пристаниште во Европа.
Властите често запленуваат кокаин на пристаништето во Ротердам.
Инаку, во март властите заплениja 4 тони дрога скриена во контејнер кој исто така пристигнал од Еквадор.