Haydar Hadi
15 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
БАГДАД (АА) - Во центарот на Багдад денес беше организиарана воена парада и беше прославено неодамнешното ослободување на Мосул од терористите на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Парадата е одржана во Зелената зона во близина на седиштето на ирачката влада, на којашто присиствуваа највисоките ирачки официјални лица, на чело со премиерот Хајдар ал-Абади.
Парадата на воените и полициските сили на Ирак е организирана под зајакнати безбедносни мерки, а воздухопловните сили изведоа и краток перформанс на небото над Багдад.
Ирачкиот премиер Ал Абади, на 10 јули објави дека Мосул е ослободен од терористите на ДЕАШ, кои го држеа под контрола од летото 2014 година. Тој град важеше за главно упориште на ДЕАШ.