Aness Suheil Barghoti
15 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти и денеска ги продолжија блокадите на комплексот Ал Акса во Ерусалим, кој беа воведени од вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
„Силите на израелската влада и денес не им дозволуваат на верниците да влезат во Ал Акса и забрануваат учење на езан“ вели за АА имамот на Ал Акса, Шеик Екрима Сабри.
Имамот Сабри истакна дека одлуката на израелската влада е неприфатлива и невидена од периодот на 1967 година, кога Израел го окупираше Ерусалим и поголемиот дел од палестинската територија.
Израелските безбедносни сили вчера убија тројца Палестинци во комплексот Ал Акса кој го блокираа, а во немирите загинаа и двајца израелски полицајци.
За првпат по 1967 година на муслиманите не им е дозволено да клањаат петочна молитва во Ал Акса.
Според најавите на израелската влада, блокадата на Ал Акса ќе трае до утре.