Michael Hernandez
15 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, во петокот изјави дека САД не можат да ги потврдат тврдењата дека Ебу Бекр ал-Багдади, прогласениот „калиф“ на ДЕАШ, е мртов.
„Ние претпоставуваме дека е жив сѐ додека не се докаже спротивното. Сега, јас не можам да го докажам спротивното“, изјави Матис за новинарите. „Ако знаевме, ќе ви кажевме. Засега, не можам да го потврдам ниту да го негирам тоа“.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија беше последнатa група која тврдеше дека Багдади е мртов, во минатонеделното соопштение во кое истакна дека извори од сирискиот град Деир ез Зур го потврдиле тоа.
Минатиот месец, Русија тврдеше дека најверојатно го убила Багдади во воздушен напад во јужното предградие на сирискиот главен град Рака.
САД понудија награда од 25 милиони долари за главата на Багдади.