Mahmoud Barakat
25 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турската меѓународна агенција за развој, ТИКА, обезбеди со системи за осветлување 200 палестински семејства во блокираниот Појас Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на ТИКА, агенцијата поради недостаток на електрична енергија во Газа, обезбеди системи на ЛЕД-осветлување за семејствата што не можат да си дозволат електрични генератори.
Во последните 10 години, Појасот Газа, дом на речиси два милиони лица, се соочува со прекин на електрична енергија повеќе од 12 часа дневно.
Уште од 2007 година, палестинската територија страда од израелската блокада што ги лиши жителите од повеќето основни производи, вклучувајќи храна, гориво, лекови и градежни материјали.
Според извештајот од Светската банка во 2015 година, блокадата од речиси една деценија го намали бруто-домашниот производ во Газа на половина и доведе до една од највисоките стапки на невработеност во светот.