Fuat Kabakçı
25 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) – Министерството за надворешни работи на Кина реагираше на влегувањето на воениот брод „Декатур“ на американската морнарица, во Јужното Кинеско Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Лу Канг, на прашање во врска со навигацијата во Јужното Кинеско Море на уништувачот на водени проектили, „УСС Декатур“, од третата флота на поморската база во Сан Диего, рече: „Властите во Пекинг ќе ги преземат потребните превентивни мерки во случај на загрозување на суверинитетот, мирот, безбедноста и интересите на Кина“.
Уништувачот на водени проектили „УСС Декатур“ ја заврши задачата за слободно пловење низ Јужното Кинеско Море на 21. октомври.
Поради богатите подземни извори во Јужното Кинеско Море, властите во Пекинг водат расправа за правото на сопственост над таа територија со државите во регионот, меѓу кои се Филипините, Виетнам, Брунеите и Малезија. Преку бродскиот транспорт што се врши во регионот, годишно се остварува трговија во вредност од 5 трилиони долари.