Haydar Karaalp
26 Ноември 2021•Ажурирај: 27 Ноември 2021
БАГДАТ
Стотици луѓе поврзани со шиитската коалиција „Фатах“ и другите политички ограноци на „Хашд ал Шаби“, кои не ги прифаќаат изборните резултати, во главниот град на Ирак, Багдад, се обидоа да влезат во областа каде што се наоѓаат владините згради и претставништвата на странските мисии со уривање на бетонските бариери околу Зелената зона, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните сили на шиитските демонстранти не им дозволија да влезат во Зелената зона.
Се забележува дека демонстрантите во рацете носеа стапови.
Демонстрантите, кои не можеа да влезат во Зелената зона, почнаа да извикуваат слогани против премиерот Мустафа ал Казими.
Откако изгубија голем број гласови на предвремените општи избори одржани на 10 октомври во Ирак, коалицијата „Фатах“, блиска до Иран и другите политички ограноци на „Хашд ал-Шаби“ не ги признаваат изборните резултати.