Addis Getachew Tadesse
07 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
АДИС АБЕБА (АА) - „Во Африка секоја година се разболуваат 91 милион лица како последица на консумирање небезбедна храна“, изјави Томас Квеси Кворти, заменик-претседател на Комисијата на Африканската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој зборуваше денес, во седиштето на Африканската Унија, на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност на храната, кој за прв пат е набљудуван на континентално ниво
„Време е безбедноста на храната да биде приоритет во Африка“, рече тој на Дијалогот за јавна политика организиран за одбележувањето на денот.
На овој настан присуствуваа амбасадори, лидери на Африканската Унија, персоналот на Комисијата на Африканската Унија и претставници на партнерските организации.
Според Кворти, десетици илјади луѓе умираат во Африка секоја година по консумирање на небезбедна храна.
„Околу 600 милиони луѓе - речиси 1 од 10 луѓе во светот - се разболуваат по јадење на контаминирана храна и 420.000 умираат секоја година“, се вели од Светската здравствена организација.
„Една четвртина од глобалните смртни случаи поради консумирање небезбедна храна е во Африка“, рече египетскиот амбасадор во Африканската Унија, Осама Мохамед Абделхалек.
Бројот на смртните случаи, според зборовите на амбасадорот, изнесува околу 137.000 луѓе секоја година.
Африканската Унија го одбележува овој ден со цел да го зајакне дијалогот и да ги инспирира акциите за подобрување на безбедноста на храната, користејќи го Светскиот ден за безбедност на храната како глобален потсетник за одржувањето на јавната свет на високо ниво за ова важно прашање.