Gökhan Ergöçün
24 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Светската банка соопшти дека болестите предизвикани од нездрава исхрана чинат околу 110 милијарди долари преку загубата на продуктивноста и медицинските трошоци, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Вкупната загуба на продуктивноста поврзана со болестите предизвикани од храна во земјите со ниски и средни приходи се проценува на 95,2 милијарди долари годишно, а годишните трошоци за лекување на болестите поврзани со храна се проценуваат на 15 милијарди долари“, се вели во извештајот на Светската банка.
Во извештајот пишува дека со овој глобален проблем најмногу се соочуваат земјите со низок и среден приход, како што се Јужна Азија, Југоисточна Азија и Субсахарска Африка.
„Тие сочинуваат 41 отсто од светската популација, а сепак 53 отсто од сите болести што се произлегуваат од храна и 75 отсто од смртните случаи се поврзани со тоа“, се појаснува.
Нагласувајќи дека небезбедната храна претставува закана, особено за малите деца, во извештајот се додава: „Иако децата под петгодишна возраст сочинуваат само 9 отсто од светската популација, тие заболуваат со речиси 40 отсто од болестите предизвикани од небезбедна храна и сочинуваат 30 отсто од смртните случаи како последица на тоа.“
Сепак, овие бројки можат да се избегнат доколку се преземат превентивни мерки како што е подобрување во изборот на исхраната.
Во извештајот се нагласува: „Изборот на безбедна храна, може исто така значително да придонесе за постигнување повеќекратни цели за одржлив развој, особено оние кои се однесуваат на сиромаштијата, гладта и благосостојбата.“
Директорот на Глобалната практика за храна и земјоделство во Светската банка, Јирген Војгел, рече дека земјоделците, прехранбената индустрија и човечкиот капитал можат да се подобрат со фокусирање на локалната безбедност на храната.
„На крајот на краиштата, безбедната храна е од суштинско значење за да се поттикне здрава, образована и флексибилна работна сила“, додаде тој.