Nuran Erkul
08 Февруари 2017•Ажурирај: 09 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Помошник-претседателот на Светска банка одговорен за средна Азија, Кирил Мјулер истакна дека Трансанадолскиот гасоводен проект (ТАНАП) е стратешки од аспект на енергетска безбедност и разновидност на изворите. „Светската банка, освен финансирањето на ТАНАП, преку други меѓународни институции ќе обезбеди кредитна поддршка во висина од 2,4 милијарди долари“, изјави Мјулер, јавува Anadolu Agency (AA)
Мјулер во својот говор на церемонијата на која беше потпишан договорот за кредитирање од 400 милиони долари од Светска Банка за компанијата за гасовод и транспорт на гас (БОТАШ) наменето за ТАНАП, рече дека проектот ќе помогне за енергетската снабденост на Турција и за проширување на увозот на гас од Азербејџан.
Тој пренесе дека со Турција низа години се во блиска соработка и истакна оти финансирањето на ТАНАП од страна на Светската банка е пример за регионалните проекти што таа ги поддржува.
Мјулер исто така рече дека истовремено Мултилатералната агенција за гарантирање на инвестиции (МИГА) за проектот ќе гарантира средства во висина од 1,2 милјарди долари.
Тој истакна дека веќе 15 месеци се спроведуваат интензивни активности околу финансирањето на овој проект и додаде: „Светската банка, освен финансирањето на ТАНАП, од други меѓународни институции ќе обезбеди кредитна поддршка за проектот во висина од 2,4 милијарди долари“.
Генералниот директор на БОТАШ, Бурхан Озџан изјави дека потребата во Турција за природен гас постојано расте и додаде оти потрошувачката за 2016 година, а особено со зголемената потрошувачка во последните месеци од годината, порасна за 8% во однос на претходната година.
Озџан нагласува дека во насока на безбедно снабдување на Турција со природен гас, постигнат е напредок во неговото складирање. „Проектот за проширување на Соленото езеро е дел од нашите визионерски активности. Проектот ТАНАП е 65% завршен. Проектот ќе биде со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри. Посакувам овој проект да биде за доброто на државата“, истакна Озџан.