Fatma Bülbül
08 Февруари 2017•Ажурирај: 09 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес го опиша како позитивен телефонскиот разговор меѓу турскиот претседател и американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин изјави дека Трамп ги слушнал барањата на Турција за воспоставување безбедносна зона во северна Сирија и за испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен.
Турција бара да се испорача Ѓулен поради неговата улога во терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар што се случи на 15 јули минатата година во Турција.
Во интервју за турскиот приватен радиодифузер „НТВ“, Калин исто така изјави дека Сирија, ПКК и ПЈД биле дел од темите во дискусијата меѓу двајцата лидери.
Калин изјави дека воспоставувањето безбедносна зона во северна Сирија е разумно решение за да се спречи бранот на бегалци. Тој изјави дека администрацијата на Трамп исто така дели позитивно мислење во врска со прашањето за воспоставување безбедносни зони.
Калин исто така ја критикуваше и администрацијата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за непреземање чекори за испорачување на Ѓулен.
Тој додаде дека администрацијата на Трамп е многу попозитивна во врска со ова прашање.