Halil Demir
09 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акција против терористичката организација ПКК/КЏК во Истанбул приведени се 58 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на безбедносните сили на Турција по дојава дека во наредните неколку денови припадниците на ПКК/КЏК ќе извршат напад со бомба, со оружје и молотов коктел извршија претреси на 74 адреси, трагајќи по 75 осомничени лица.
При претресот запленето е оружје, муниција, дрога, документи и дигититална содржина на организацијата.