Sarp Özer
09 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) на 170. ден од офанзивата „Штитот на Еуфрат” во северниот дел од Сирија од воздух и од копно погодија 253 упоришта на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата „Штитот на Еуфрат” е започната на 24 август 2016 година на северниот дел од Сирија поради неутрализирање на терористичките закани со акцент на ДЕАШ, и со цел јакнење на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас. Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право на самоодбрана ја поддржуваат и турските сили.
Авионите на коалициските сили во три воздушни напади уништија шест упоришта на организацијата, меѓу кои влез во тунел и возило во кое се наоѓала експлозивна направа.
Освен тоа, во акциите се неутрализирани 44 припадници на ДЕАШ.
Меѓу уништените упоришта има штабови, засолништа и одбранбени позиции.