Merve Yıldızalp Özmen
12 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
АНКАРА
Делегација на Агенција Анадолија (АА) предводена од претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на АА Шенол Казанџи по повод 100. годишнината од основањето на агенција го посети претседателот на турската опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу во неговиот кабинет.
Киличдароглу во текот на средбата упати честитки по повод 100. годишнина од основањето на Агенција Анадолија и на агенцијата и посака многу успех во работата.
Генералниот директор на АА, Казанџи, го запозна Килиџдароглу со структурата и работата на АА во Турција и во светот.
Во придружба на Казанџи беа и потпретседателот на Управниот одбор на АА, Мухахмет Салих Демиркан, челновите на Управниот одбор на АА Али Туркер Пиртини, Бахадир Сарачгил, Шабан Кизилдаг, заменик генералниот директор и главен и одговорен уредник на АА, Метин Мутаноглу и заменик на генералниот директор на АА Мустафа Озкаја.