Burak Dağ
13 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
АНКАРА
Терористичката организација ПКК, која ја напаѓа Турција од регионите во Ирак, каде што е сместена, го предизвикува суверенитетот, територијалниот интегритет, безбедноста и стабилноста на Ирак, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството се вели дека преземањето мерки против елементите на ПКК на нејзиното копно е примарна одговорност на Ирак.
„Нашата земја е подготвена да соработува со Ирак во врска со тоа прашање. Сепак, доколку присуството на ПКК во Ирак продолжува да се толерира, Турција е посветена да ги преземе потребните мерки за безбедноста на нејзините граници, каде и да е“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека Турција го поканува Ирак да ги преземе потребните чекори во овој правец и дека исто така поканува некои земји и регионални организации кои изнесуваат неосновани тврдења против Турција, да стават крај на нивниот пристап, кој ги охрабрува терористите.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.