Besar Ademi
27 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - На промоцијата на 10. издание од серијата извештаи за економската состојба во Југоисточна Европа (Албанија, Косово, БиХ, Македонија, Црна Гора и Србија), со наслов „Стабилен развој во услови на сѐ поголеми ризици“ беше истакнато дека генерално гледано, во последните години економскиот раст во Југоисточна Европа е зголемен и високите стапки на невработеност почнаа да се намалуваат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според овој извештај, економскиот раст во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и во Србија, во 2016 година се очекува да биде околу 2,7%, што значи дека во споредба со 2015 година, растот е зголемен за околу 2,2%. Средниот раст се очекува да продолжи и во 2017 и 2018 година.
Основа на овој раст е Србија, каде што економскиот раст од 0,7 проценти минатата година, како послединца на поплавите во 2014 година, достигна на 2,5 проценти оваа година. Во многу земји во регионот растот се одразуваше на работните места. Во првата половина од 2016 година, вработувањето во Србија достигна 4,7%, а во Албанија 6,7%.
Во споредба со другите земји во регионот, економскиот раст во Македонија се очекува да се намали и да го достигне нивото од 2 процента, како последицна на намалувањето на инвестициите.
„Политичката несигурност влијаеше на намалувањето на инвестициите, што земјата ја одведе во редуциран раст и во спротивност со регионалниот тренд“, се наведува во извештајот на Светската банка.
Официјалниот економист на канцеларијата на Светската банка во Скопје, Бојан Шимбов, рече дека растот којшто е понизок во споредба со минатата година, во Европа уште се оценува како добар раст, но додаде дека очекувањата за 2017 и 2018 година се позитивни, особено по решавањето на прашањето за изборите.
„Во последниот период има едно загрижувачко намалување со странските инвестиции. Ова е едно предупредување, а другото е фискалниот дефицит којшто продолжува да расте и има импликации во јавниот долг. Ние сме пример каде што една мала економија се задолжува за да инвестира. Нема ништо лошо со задолжувањето, но важно е како се употребуваат овие средства“, изјави Шимбов.
„Покрај Македонија, во споредба со минатата година, понизок развој има регистрирано и кај Косово и БиХ, а пак Црна Гора се очекува да има ист економски раст како и минатата година од 3,2 процента“.
Во 2015 година, Косово регистрираше економски раст од 3,9%, а поради големиот процент на невработеност, оваа година се очекува да биде 3,6%. БиХ во 2015 година регистрираше економски раст од 3,0%, а оваа година се очекува овој процент да биде намален на 2,8%.